Издавачот „Полица“ ја објави книгата „Моќта на делото“ од Санде Стојчевски

Насловна корица на книгата во издание на „Полица“

Книгата „Моќта на делото“ содржи есеи, критички текстови и разговори од нашиот поет и книжевен деец Санде Стојчевски. За книжевноста треба да се пишува, за книжевноста треба да се зборува. Токму тоа го прави Санде Стојчевски во својата нова книга во издание на „Полица“.

Во неа, на едно место се сместени критичките осврти што тој ги има пишувано изминатите години, а кои се однесуваат на поетски дела на Чедо Јакимовски, Ристо Василевски, Ристо Лазаров, Славе Ѓорго Димоски, Славчо Ковилоски, Елена Пренџова, Стефан Марковски и Павлина Атанасова; проза на Митко Маџунков, Билјана Станковска, Душан Стојковиќ или на научната студија на Иван Антоновски.

На критичките осврти им претходат два есеја за моќта на песната, а во третиот дел од книгата се сместени разговорите, односно интервјуата што низ годините со Стојчевски ги правеле многу новинари, пренесувани на различни медиуми.

Санде Стојчевски (роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, кумановско) е македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.

Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ – Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ – Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ – Велес. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 249, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот