Избрани финалистките за Мис Универзум: Победничката ќе добие годишен договор вреден 50.000 евра

Фото: Промо

Во пресрет на домашниот избор на девојка која ќе ја претставува земјата на светскиот избор за Мис Универзум, избрани се 20 кандидатки кои ќе бидат дел од големото финале закажано на 8 октомври во Националната опера и балет.

Од пријавените кандидатки петчленото жири ги избра најубавите 20, а покрај убавината, ставот и одењето, голем акцент при изборот се стави и на изразувањето на девојките, странските јазици кои ги зборуваат, нивната цел во животот и идејата како би ја претставиле нашата земја во светот.

Фото: Промо

Организаторот на изборот, турската модна агенција „Даман“, на чие чело е Шакир Села, нашинец кој живее и работи во Истанбул, открива дека во следните денови девојките ги очекуваат низа активности, како снимање промо материјали, интро видеа, претставувања на повеќе локации низ земјата, потоа неколку хуманитарни акции и, секако, подготовки за финалната вечер.

„Подгответе се за спектакуларна ноќ“, вели Села и додава дека за кореографиите на целиот настан ќе биде задолжен искусен кореограф од Турција кој доаѓа специјално за да ги подготви девојките за домашниот избор.

Фото: Промо

Победничката на домашниот избор освен круна и годишен договор во вредност од 50 000 евра со агенцијата „Даман“ ќе добие и можност да отпатува во Мексико и заедно со уште 130 девојки од целиот свет да ја претставува земјата на ова престижно натпреварување за убавина. Светскиот избор ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, и тој слави културна различност, поддржува проекти за општествена одговорност и воедно ги спојува сите култури и различности од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот