Ивица Јанев од Македонија е балкански шампион на ИФББ шампионатот за бодибилдинг и фитнес

фото: Ивица Јанев е прогласен за балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик

Ивица Јанев, реномираниот бодибилдер од Македонија, уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје од 21 до 23 април. Јанев беше прогласен за балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за Бодибилдинг и Фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.

Говорејќи за неговата победа, Јанев ја изрази својата радост и гордост за неговото постигнување.

– Навистина сум среќен што после четири години повторно сум шампион на Балканот. Конкуренцијата е голема на Балканот, така што горд сум на оваа титула, која е Шампион во Бодибилдинг Classic Physique. Ова е само еден поттик како за сите идни натпревари така и во моето работно достигнување во Бодибилдинг кариерата – рече Јанев.

Јанев цел месец е во победничка еуфорија, откако неодамна го освои Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен Апсолутен шампион, организиран од најпрестижната федерација за бодибилдинг и фитнес во светот IFBB. Има освоено шест злата и две титули Апсолутен Победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија. На 7 април беше и Шампион на Македонија во Бодибилдинг Класик Физик.

Покрај неговите неодамнешни достигнувања, има долга листа на титули на своето име, вклучувајќи го и Шампион на Голд купот во Белград во 2018 година и државниот шампион во бодибилдинг до 90 килограми во Македонија во 2019 година. Беше прогласен и за апсолутен државен шампион за 2019 година во која за првпат стана Балкански Шампион во Крф, Грција.

Последната победа уште еднаш ја воспостави неговата позиција како врвен бодибилдер на Балканот и тој продолжува да инспирира многу генерации за бодибилдери во регионот. Следен предизвик за Јанев е Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот