Истражување: Прекумерното земање антибиотици е опасно за луѓето и животните

Антибиотици / Фото: Pexels/Pixabay

Земањето антибиотици и антимикробната отпорност (АМР) може да се спореди со двонасочна улица меѓу животните и луѓето, велат британските научници.

Антимикробна отпорност е способност на микроорганизмите да развијат отпорност на антимикробни лекови, кои дотогаш се користеле во лекувањето.

Новите истражувања откриваат дека употребата на антибиотици кај животни како говеда, свињи и кокошки е поврзана со антимикробна резистентност кај луѓето, а употребата на антибиотици кај луѓето е поврзана со отпорност на микробите кај животните.

Експертите од целиот свет се одлучни во намерата да го забават растот на антимикробната резистенција, делумно поттикната и од непотребното препишување и земање антибиотици.

АМР се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите мутираат и повеќе не реагираат на лековите, вклучително и антибиотиците наменети за нивно лекување.

Поради ова, некои болести тешко се лекуваат, а истовремено се зголемува ризикот од нивно ширење, што може да резултира со потешки форми на болеста и на крајот – смрт на пациентот.

Истражувачите велат дека резултатите од студијата укажуваат на итна потреба да се најде стратегија за борба против ширењето на антимикробната резистенција фокусирајќи се на социјалниот развој и намалувањето на глобалната сиромаштија и воведување многу построги правила во однос на употребата и препишувањето антибиотици.

„АРМ е злобен проблем бидејќи се соочуваме со спротивставени приоритети меѓу сложената мрежа на засегнати страни“, рече Касим Алел, главен автор на студијата и соработник во Единицата за истражување на епидемиологијата на заразни болести на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Одлучувачите, како и претставниците на локалните власти, треба да преземат решителен, вкрстено дисциплинарен пристап кон видот на надзорот и контролата на АМР, кој не би бил ограничен исклучиво на луѓето, со цел да се постигнат подобри здравствени резултати на глобално ниво, уверува Алел.

Антимикробната отпорност е голема закана за глобалното здравје, а податоците покажуваат дека отпорните бактерии се одговорни за 1,27 милион смртни случаи во 2019 година.

Зголемената побарувачка за храна и производи од животинско потекло, како и сложените и меѓусебно поврзани социо-економски и еколошки фактори, влијаат на овој проблем.

Неправилната употреба на лекови, кои се однесуваат на антибиотици, антивирусни и антигабични средства, е клучен двигател на ширењето на антимикробната резистенција.

Како дел од новата студија, меѓународен тим на истражувачи, вклучително и оние од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, ја истражуваа поврзаноста помеѓу глобалната потрошувачка на антибиотици и стапката на антимикробна отпорност кај луѓето и животните што се користат во производството на храна од 2018 година.

Студијата исто така покажа дека давањето антибиотици на животните што произведуваат храна е поврзано со поголем ризик од АМР кога тие се изложени на болести што ги погодуваат луѓето, што Светската здравствена организација го дефинира како клучен проблем.

Во исто време, почестата употреба на антибиотици кај човечката популација го зголемува ризикот од антимикробна отпорност кај животните.

Иако во земјите со низок и среден приход, особено во Азија (Бангладеш, Кина и Индија), е забележана помала потрошувачка на антибиотици, таму е евидентирана највисока стапка на АМР кај животните кои се користат за произведство на храна.

Податокот укажува дека земањето антибиотици може да биде секундарен фактор на ризикот за ширење АМР во одредени делови од светот, велат научниците.

За поголема стапка на АМР кај луѓето одговорни се и социоекономските фактори, како што се нееднаквите приходи или стапката на смртност поради лошите хигиенски услови или проблемите со срцето.

Лејт Јакоб, еден од авторите на студијата од Факултетот за инфективни и тропски болести на ЛСХTM, смета дека забележаната „двонасочност во потрошувачката на антибиотици и отпорност на антибиотици кај луѓето и добитокот, откриена со новата анализа, нуди нови можности за ублажување на таквата отпорност“.

„Брзото дејствување е клучно за решавање на нешто што за кратко време брзо стана една од најголемите закани за глобалното здравје. Предлагаме одговорните во блиска иднина да донесат построги политики и прописи кога станува збор за употреба и препишување антибиотици за животни и луѓе и особено во земјите каде што е забележан најголема резистенција, да се подобри транспарентноста, одговорноста и донесувањето одлуки“, вели Јакоб.

Резултатите од студијата се објавени во списанието The Lancet Planetary Health.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот