Истражување: Кои земји најмногу ја поддржуваат НАТО алијансата?!

НАТО знамиња / Фото: Janine Schmitz / imago stock&people / Profimedia

60% од испитаниците oд 13 земји членки на НАТО имаат позитивен став кон алијансата.

Ова истражување го објави денеска Истражувачкиот центар Пју. Резултатите од истражувањето беа објавени во пресрет на самитот на НАТО, што ќе се одржи од 9 до 11 јули во Вашингтон.

Триесет и две земји-членки на НАТО ги прилагодуваат своите долгорочни планови и стратегии за да се спротивстават на рускиот претседател Владимир Путин и да одговорат на барањата на Украина во борбата против инвазијата на руските сили.

Поддршката за НАТО меѓу 13-те земји каде што беше спроведено истражувањето е најголема во Полска со 91 отсто, потоа Холандија со 75 отсто и Шведска со 72 отсто.
Сепак, само 37 отсто од возрасните во Грција велат дека го поддржуваат НАТО, што е најниско меѓу анкетираните земји, додека 59 отсто рекле дека имаат неповолен став за алијансата.

Истражувањето покажа дека 63 отсто од луѓето во Канада гледаат позитивно на НАТО, 66 отсто во Британија, 64 отсто во Германија, 63 отсто во Унгарија, 60 отсто во Италија, 54 отсто во Франција, 45 отсто во Шпанија и 42 отсто во Турција. Кога станува збор за Турција, таму е речиси двојно поголема поддршка за НАТО, отколку претходната анкета во таа земја, спроведена во 2019 година.
Центарот претходно објави резултати од САД, каде 58 отсто од испитаниците го поддржуваат НАТО.

Анкетата е спроведена од почетокот на јануари до средината на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот