Истрагата за смртта на Метју Пери е при крај: Може да бидат обвинети повеќе лица

Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Истрагата за смртта на познатиот актер Метју Пери е при крај, пренесуваат странските медиуми. Полицијата смета дека повеќе луѓе треба да бидат обвинети, но американското обвинителство ќе ја донесе конечната одлука – дали ќе поднесе обвинение или не. За сега обвинителството не се изјаснува по ова прашање.

Американскиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“, ненадејно почина во октомври 2023 година на 54-годишна возраст, кога беше пронајден во када во неговиот дом, а портпаролот на патолог во Лос Анџелес тогаш изјавил дека славниот актер починал како последица на консумирање кетамин и давење.

Кетаминот е лек кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди, а добро е познато дека ѕвездата имала проблеми со него. Според блиски извори, актерот тогаш бил во добра здравствена состојба, па неговата смрт шокирала многумина. Во декември, полицијата започна истрага за околностите околу смртта на Пери од предозирање.

Така, половина година се води истрага за да се утврди од каде потекнува кетаминот кој беше фатален за актерската ѕвезда. Иако во моментот на смртта актерот сè уште примал терапија – инфузии со кетамин – количината на лекот што била пронајдена на обдукцијата не била таму само поради терапијата, од почетокот се сомневало дека актерот потоа земал доза на кетамин, кој во тој случај била фатална.

Нови детали од истрагата за смртта на Метју Пери: Полицијата заплени мобилен телефон и лаптоп на славна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот