Исков и Котевски од ВМРО-ДПМНЕ-Битола поставени за директори на ЕСМ Молика и ФОД

Foto: bitolanews

Горан Исков, потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола, е назначен за директор на ЕСМ Молика. Тој дипломирал информатика на битолскиот универзитет, а вработен е во битолски „Водовод“, јави ТВ Тера. Исков има работно искуство од 2015 до 2017 година во Министерството за информатичко општество и администрација.

Николче Котевски е назначен за директор на Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци (ФОД), која исто така е подружница на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Од 2015 година Котевски е вработен во Царинската управа на Македонија, како виш цариник во царината во Битола, на Меџитлија и Прилеп. Тој беше и советник од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола од 2009 до 2013 година, а сега е секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола, објави „Тера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот