Иранската мисија во ОН: Нападот е легитимен одговор

Нападот на Иран врз Израел е „легален, рационален и легитимен одговор на терористичките акти“, соопшти денеска иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк на социјалната мрежа Х.

„Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори или да изврши дополнителни злонамерни дејствија, ќе следи голем одговор. Регионалните држави и ционистичките поддржувачи се советуваат да се оградат од режимот“, напиша мисијата.

Во меѓувреме, висок ирански функционер изјави за западни медиуми дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи дал наредба ракети да бидат истрелани кон Израел. Тој додаде дека Техеран „е целосно подготвен за каков било одговор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот