Иран предупредува дека сите муслимански, арапски земји и членови на „Оската на отпорот“ ќе го поддржат Либан против Израел

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Иран и сите држави кои се сметаат како  членови на „оската на отпорот“ со сите средства ќе го поддржат либанското движење Хезболах во случај на конфликт меѓу ова движење и Израел, изјави советникот на врховниот лидер на Иран, Камал Харази, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Ако Израел започне офанзива против Хезболах, тоа може да предизвика регионален конфликт, предупреди  Харази.

„Сите либански, арапски земји и членови на „оската на отпорот“ ќе го поддржат Либан против Израел… Ќе постои можност војната да се прошири на целиот регион, во кој ќе бидат вклучени сите земји, вклучително и Иран. Во таква ситуација нема да имаме друг избор освен со сите средства да го поддржиме Хезболах“, посочи тој.

Како што рече, Техеран не е заинтересиран за регионален конфликт. Тој ги повика САД да извршат притисок врз Израел за да се спречи понатамошна ескалација.

„Проширувањето на војната не е во ничиј интерес – ниту на Иран, ниту на САД“, рече тој.

Претходно, весникот Политико, повикувајќи се на американско разузнавање, објави дека голем конфликт меѓу Израел и либанското движење Хезболах може да избие во следните неколку недели доколку израелската страна и палестинското движење Хамас не постигнат договор за прекин на огнот во појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот