Иран ги запали цените на нафтата – Сценарио за враќање на 100 долари за барел

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

Цените на нафтата се зголемија во вторникот вечерта по нападот на Иран врз Израел со повеќе од 200 проектили. Нафтениот пазар досега се обложуваше на сценариото на воздржаност од сите страни. Но, нафтата не можеше да остане „неподвижна“ пред денешните случувања, анализира Нафтемборики.

Во пресрет на иранскиот напад, суровата нафта од типот „брент“ поскапе за дури 5 отсто во текот на денот на повеќе од 74 долари за барел, додека американската сурова нафта (ВТИ) поскапе за 4 отсто на 71 долар за барел. Одржувањето на цената на нафтата на безбеден дофат од 80 долари за барел покажува дека пазарот не очекува Техеран дополнително да ја повлече низата. Сепак, никој не може да биде сигурен во „рационалните потези“ на теократскиот режим кој се чувствува понижен. Порастот во последните 24 часа јасно открива загриженост, иако засега се избегнува паника.

На патот на понатамошниот раст стои намерата на Саудиска Арабија да пумпа повеќе сурова нафта на пазарот со цел да го обезбеди својот удел, дури и по пониски цени. Тоа не значи дека нафтата ќе остане евтина, без оглед на случувањата на Блискиот Исток.

Регионалниот конфликт од големи размери може да го натера Иран да го повлече најмоќното оружје со кое располага: затворањето на Ормускиот теснец. Како клучна артерија на светската трговија, со клучна улога особено во транспортот на нафта, има многу поголема моќ од која било балистичка ракета. 30% од светското снабдување со нафта и повеќе од 25% од светското снабдување со течен природен гас (ЛНГ) поминува низ теснецот, со минимални алтернативи и можности за бајпас. Експертите предупредија дека во случај на регионална војна од големи размери, цените може да скокнат 30 долари во рок од 24 часа, со што ќе се пробие бариерата од 100 долари за барел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот