Иран е опасна и дестабилизирачка сила на Блискиот Исток, смета Харис

Камала Харис / Фото EPA-EFE/LEIGH VOGEL / POOL

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претстојните претседателски избори, Камала Харис, изјави дека Иран е „опасна“ и „дестабилизирачка“ сила на Блискиот Исток и дека Вашингтон е посветен на безбедноста на Израел.

-Јасна сум дека Иран е дестабилизирачка, опасна сила на Блискиот Исток, рече Харис.

Таа нагласи дека „ќе се погрижи Израел секогаш да има способност да се брани од Иран и терористичките милиции поддржани од Иран“.

Иранската револуционерна гарда вчера лансираше повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханија, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот