Инвестицијата од 500 милиони евра за ветерници, доби пофалби во странскиот печат: Пример за користење чиста енергија
Повеќе светски медиуми известија за големата инвестиција на германската ВПД во ветерна електрана во Северна Македонија, која ќе произведува 450 мегавати чиста и зелена енергија. Медиумите се осврнуваат на стратегијата на Владата на Северна Македонија за целосна замена на јаглените електрани до 2030 година и напоменуваат дека оваа инвестиција е крупен чекор кон остварување на таа цел.
– Владата на Северна Македонија планира да обезбеди околу 1.500 мегавати од соларни електрани и околу 700 мегавати енергија од ветер. WPD работи во 28 земји низ целиот свет, пишува во објавата на Асошиејтед прес. Според Ројтерс ветерниот парк “Вирови” е стратешки проект на владата, кој ќе помогне во транзицијата од производство на енергија доминантно од јаглен кон зелени извори.
-Проектот кој го најави премиерот Зоран Заев од 415 мегавати е најголемата германска инвестиција во земјата и најголемата во областа на зелената енергија откако Северна Македонија прогласи независност од поранешна Југославија во 1991 година, пренесува американскиот ABC News.
За инвестицијата пишува и грчкиот весник Екатимерини, дополнувајќи дека ветерниот парк, кој ќе има 69 турбини, ќе се гради во три фази на три локации и ќе снабдува со електрична енергија околу 290.000 домаќинства.
Инаку, премиерот Зоран Заев вчера го најави овој ветерен парк со 69 ветерници кои ќе обезбедуваат чиста и зелена електрична енергија за повеќе од 290 илјади домаќ