Интервјуа со Калиопи, професорката Клопчевска и претседателот на синдикатот на МАНУ, Вујовиќ, утре во емисијата „Слободен печат“

Фото: Слободен печат

Зошто штрајкуваат вработените во Македонската академија на науки и уметности, дали поради природата на штрајкот, МАНУ ќе остане без подмирени сметки и исплатени плати, што може да доведе оваа институција да остане без струја и без вода – за сето ова разговараме со претседателот на синдикатот на МАНУ, Блажо Вујовиќ. Тој ги кажа проблемите на вработените во највисоката научна институција во Македонија, кои се нерешени и поради тоа се во штрајк.

Со Јана Клопчевска научник, иноваторка, претприемачка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет зборуваме за тоа што е биоотпад, во кои индустрии наоѓа примена, за првата биотехнолошка лабораторија и молекуларната гастрономија која е сѐ попопуларна.

Во интервјуто со Калиопи разговаравме за претстојниот концерт на 19 октомври и јубилејот 40 години на музичката сцена. И секако на крај, втората епизода од Зоолошката градина – Скопје.

Гледајте „Слободен печат“ во 9 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот