Интервју на Тошковски за „Слободен печат“: Првите казни од уличните камери како честитки за Нова година

Панче Тошковски / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Кој ја носи дрогата на македонските улици, а кој е одговорен за убиствата поради крвна одмазада? Кога треба да ги очекуваме првите фотографии за казни од „сејф сити“ камерите, се нормализира ли издавањето на пасоши по редовна постапка?  Атрактивна ли е сѐ уште балканската рута за имигрантите и колку ни е безбедна границата кога не работат термалните камери? За овие, но и за други прашања одговор побаравме од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во интервјуто одговор побаравме и за реоганизацијата на Министерството за внатрешни работи, за новите полициските станици, за враќањето на позорникарите по улиците, сѐ со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно во својот град и држава.

Целото интервју на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски погледнете го утре во 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот