Институциите ќе добијат посебно Упатство, за да вработуваат во време на стопираниот балансер

Сите јавни институции ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на вработувањата по етнички клуч, објави Телма. Упатството ќе им го испрати Министерството за јавна администрација, кое е на мислење дека Балансерот како дигитална алатка ја изгуби својата намена и во минатото бил предмет на злоупотреба.

Насоките или донесените времени мерки не ги коментираме, туку ги почитуваме и ги спроведуваме. Што се однесува на распишаните огласи за вработување кои се во тек, Министерството ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, по објавата во Службен весник. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и ќе го дистрибуира до сите институции, се вели во соопштението од Министерството за администрација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот