Инспекција ќе оди во тетовската болница каде родилка доживеа хорор

Фото: Фејсбук, Дона Неделковска

Откако тетовката Дона Неделковска на Фејсбук ја објави својата тажна приказна, каде во тетовската болница, каде отишла да се породи со царски рез, излегла со тешки компликации поради кои настанало обилно крварење и на крајот била комплетно извадена нејзината матка, Државниот здравствен и санитарен инспекторат се вклучува со свој вонреден инспекциски надзор. Како што дознава „Слободен печат“ од свои извори, инспекцијата ќе биде пратена по допрен глас.

На гинеколошкото одделение во Тетово, пет дена според зборовите на Неделковска, таа била чувана со некроза на матката, на раб на сепса, ја лекувале со чај од нане и рузмарин и ја тешеле дека има гастритис, иако состојбата до толку се влошила што почнала да повраќа фекалии низ устата поради нефункционирањето на цревата.

За време на царскиот рез, настанало обилно крварење, кое според зборовите на мајката, не било санирано и таа била зашиена со матка која продолжила да крвари. После пет дена конечно била испратена на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, на комплексот клиники Мајка Тереза, каде двајца лекари и го спасиле животот со итна интервенција, операција, снимање и инфузии.

– Да, во Тетово цели пет дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лекуваа со чај од нане и од рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, напиша Неделковска.

Родилка за хоророт во тетовската болница: Пет дена ме чувале со некроза на матка, ме лечеа со чај од нане и рузмарин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот