Инфографик| Очекуваниот животен век во Македонија најмал во цел Западен Балкан

Во Косово се очекува луѓето да имаат најдолг животен век, во просек да доживеат 80 години

Очекуваниот живот во Македонија е 74, во Србија и во Босна и Херцеговина е 75, во Црна Гора е 76, во Албанија 77, а во Косово 80.

Ова го покажува извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, согласно направената ревизија за очекувањата за животниот век на родените во 2022 година.

Глобалните очекувања се дека животниотвек на светската популација родена во 2022 година е е 72 години, а во 2021 година беше 71, но во 2019 година беше 73 години. Но, она што особено привлекува внимание е податок од 1960 година кога во просек животниот век на светското население бил само 51 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот