ИНФОГРАФИК: Колку вложиле членките на НАТО во зајакнување на одбраната во 2022 година

НАТО / Фото: МИА

Македонија, велат властите, до 2024 година ќе ја исполнува обврската годишно да троши 2% од БДП на армијата. Според ова, членството во НАТО ќе ја чини земјава 245 милиони долари годишно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека алијансата во моментов се соочува со „најголемиот ремонт во одбраната од Студената војна“, откако организацијата даде огромна поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската агресија.

Според договорот од Велс во 2014 година, секоја земја-членка на НАТО годишно треба да издвои 2% од буџетот на армијата за зајакнување на одбраната.

Дури и пред војната во Украина, тензиите околу состојбата на воената инфраструктура на НАТО постојано се зголемуваа, откако повеќето европски нации не им обрнаа посериозно внимание на трошоците за одбраната. Во 2018 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше останатите членки на НАТО бидејќи не ги исплаќаат договорените два отсто од буџетите на армиите за инвестирање во одбраната.

Според неодамнешни податоци кои ги објави НАТО, само 9 од 29-те поединечни армии на земјите-членки (Исланд нема војска) во 2022 инвестирале повеќе во одбраната отколку во 2014 година. На тој список се САД, Велика Британија, Грција, Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Словачка.

Романија и Франција, кои претходно вложувале 2 отсто од буџетот на нивните армии во одбраната, во 2022 година тој процент е малку понизок. Следните држави кои се најблиску до исполнување на договорот се најновите земји-членки на алијансата, Северна Македонија (1,78 отсто од БДП на армијата) и Црна Гора (1,75 отсто од БДП на армијата), а последни на листата се Албанија, Бугарија и Холандија.

Македонија, велат властите, до 2024 година ќе ја исполнува обврската на земјите-членки на НАТО да трошат 2 % од БДП на армијата. Според ова, членството во НАТО ја чини Македонија околу 245 милиони долари годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот