Инфлацијата во еврозоната во септември се забрза на 10 отсто

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Инфлацијата во еврозоната се забрза во септември, достигнувајќи 10 отсто, што ново највисоко ниво од воведувањето на еврото, покажаа денеска најновите проценки на Евростат.

Во август, инфлацијата изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто.

Стапката на инфлација во септември претставува ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година.

Во споредба со август, потрошувачките цени во септември пораснале во просек за 1,3 отсто, што е повеќе од двојно повеќе од август, прикажа Евростат.

Замаец за зголемените цени во септември беше енергијата, што е за 40,8 отсто поскапа од истиот месец лани. Во август цената беше поскапа за 38,6 отсто од лани.

Овој месец забрзан е растот на цените и на храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи, на 11,8 отсто, од 10,6 отсто во август.

Без промена на цените на енергијата и храната, инфлацијата изнесуваше 6,1 отсто, по августските 5,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот