Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 7,5 проценти

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 7,5 отсто во април, соопшти Агенцијата за статистика на Европска Унија (Евростат).

Највисоката стапка на инфлација во 19 земји од еврозоната од почетокот на водење евиденција во 1997 година е последица на остриот скок на цените на енергијата поради војната во Украина, што дополнително ги оптоварува домаќинствата и го забавува економското закрепнување од пандемијата со Ковид-19.

Инфлацијата во еврозоната урива рекорди шест месеци по ред. Претходниот рекорд беше поставен во март, кога растот на малопродажните цени изнесуваше 7,4 отсто во однос на истиот месец во 2021 година.

– Главниот фактор што придонесува за рекордната инфлација е скокот на цените на енергијата, кои пораснаа за 38 отсто во април, наведува Евростат.

Зголемените цени, исто така, вршат притисок врз креаторите на политиката на Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки за да ја одржат инфлацијата на рекордно ниско ниво во наредните месеци за да ја стимулираат економијата додека таа закрепнува од пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот