Именуван е новиот Управен одбор на АД ЕСМ

Фото: МИА
Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата го назначи новиот Управен одбор на компанијата.
За претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, именуван е Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор.
„Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, именувани се и останатите членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски директор на производство, Виктор Јовановски директор за комерцијални работи, Иван Стојановски директор за финансиски работи и Владимир Пејоски директор на развој и инвестиции“, информираа од Владата.
Со изборот на новите членови на Управниот одбор, приоритет е енергетска стабилност на државата преку ефикасно управување, финансиска консолидација и зајакнување на капацитетите на компанијата на сите нивоа. Понатаму, меѓу целите на новото раководство се оптимизација на трошоците, реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи, притоа професионално прилагодувајќи се на условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот