Имала само 14 години: Француската актерка Џидит Годреш го обвини познатиот режисер за силување

Фото: Profimedia

Француската актерка Џидит Годреш (51) го обвини филмскиот режисер Беноа Жако (77) дека ја силувал кога имала 14 години во 1986 година и подоцна во деведесеттите години.

Француското обвинителство отвори прелиминарна истрага во врска со извештајот, кој, според адвокатот на Годреш, во вторникот бил доставен до Бригадата за заштита на малолетници во Париз, јавува „Би-би-си“.

Жако, пак, во интервју за „Монд“ изјави дека целосно ги отфрла „нејзините тврдења и обвинувања“.

Годреш неодамна се осврна на нејзината врска со Жако, но не го спомна по име, во автобиографската телевизиска серија наречена „Икона на францускиот филм“ („Icon of French Cinema“).

Меѓутоа, француската актерка подоцна го сменила мислењето откако изгледала документарен филм од 2011 година, во кој режисерот зборувал за врска со некоја адолесцентна девојка.

Иконата на француската кинематографија глумеше во бројни филмови, меѓу кои „Ноќ“ („The Overnight“) (2015), „Шпански стан“ („L’Auberge espagnole“) (2002) и „Човек со железна маска“ („The Man in the Iron Mask“) (1998).

Жако режира филмови уште од средината на седумдесеттите години, а го отвори 62. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин со драмата „Збогум, моја кралице“ („Farewell, My Queen“) во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот