Илјадници Јеменци излегоа на протестите за поддршка на Палестинците

Илјадници јеменски демонстранти се собраа во главниот град Сана во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Бунтовниците Хути во земјата организираат протести речиси секој петок од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

„Денеска излеговме да ги поддржиме Ал Акса и Газа, масовни толпи присуствуваа денеска поради поканата од Абдул Малик ал-Хути, лидер на Хутите“, рече Јасин Ахмад, демонстрант.

Мохамед Салех, друг демонстрант, рече дека присуствувал на собирот за да се солидаризира со Палестинците во Газа и „оската на отпорот“.

Израел започна воена офанзива во Појасот Газа како одговор на нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе – главно цивили, а уште 250 беа киднапирани.

Над 37 илјади Палестинци се убиени од почетокот на војната.

Во меѓувреме, брод кој патувал низ Црвеното Море бил под ракетен напад, соопштија властите, што е последниот во низата насочени напади кон бродовите кои транзитираат по клучниот поморски пат, а за кои Хутите сметаат дека имаат поврзаност со Израел.

Бунтовниците до сега гаѓаа повеќе од 60 бродови со истрелување проектили и беспилотни летала во нивната кампања во која загинаа вкупно четворица морнари.

Од ноември запленија еден брод, а два потонаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот