„Икс“ може да се одблокира во Бразил, но откако ќе ја плати казната од 1,9 милиони долари

Бразилскиот судија Александар де Мораеш наводно изјавл дека социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) би можел „веднаш да се врати на своите активности“ во Бразил, но откако ќе ја плати последната казна.

Врховниот суд на Бразил пред два дена ѝ нареди на компанијата да плати 10 милиони реали, или околу 1,9 милиони долари, поради непочитување на судскиот налог во земјата.

Мораеш додал дека враќањето на компанијата „зависи исклучиво од целосното усогласување со бразилското законодавство и апсолутното почитување на судските наредби во однос на националниот суверенитет“.

Судот ја казни платформата на 19 септември поради овозможување услуги во земјата за некои корисници, и покрај забраната на веб-страницата. Судијата исто така ја казни компанијата откако „Икс“ ја игнорираше забраната по втор пат на 23 септември преку „Старлинк“.

Пред неколку дена, адвокатите на „Икс“, чијшто сопственик е милијардерот Илон Маск, наводно поднеле документ до судот во кој го именувале правниот застапник на компанијата во Бразил, како што побарал Мораеш. Веб-страницата, исто така, ги отстрани наредбите што судијата ги наведе во неговите првични директиви и ги идентификуваше како закана за демократијата, што покажува дека таа сега е подготвена да се усогласи со наредбата на судот.

„Њујорк тајмс“ тогаш објави дека „Икс“ не ја доставил целата потребна документација за Бразил да ја укине забраната за платформата. Изјавата на Мораеш дека компанијата може „веднаш да се врати на своите активности“ по плаќањето на оваа казна, сугерира дека „Икс“ го решил проблемот, а бразилските корисници наскоро би можеле да пристапат до популарната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот