Игор Петрески: Филмската шминка е единствена работа која добро ја работам и од која добро заработувам

Додека гледате акционен или хорор филм сигурно барем еднаш сте се запрашале како можат толку успешно да се доловат раните, исекотините, модринките на актерите? Одговорот го има Игор Петрески, кој работи како филмски шминкер и тоа доволно успешно да може добро да заработува и да живее од тоа, како што кажува самиот. Матична куќа му е Театарот за деца и млади, но има работено на низа проекти во земјава и странство.

Го истражуваш ли, го анализираш ли психолошкиот прифил на ликот што треба да го шминкаш?

– Ако работам со актер или актерка што не ги познавам лично, немам толку време за „анализа“. Што се однесува до истражувањето, тоа е неопходно.

Какви средства користиш за да доловиш на пример, рана, исекотина?

– Знам да работам и ги користам сите материјали наменети за филмски ефекти, но најчесто работам со специјални двокомпонентни силикони што ги набавувам од странство. За да биде успешна раната или друг ефект, претходно правам неколку проби. На снимање нема време за проби, сè мора да биде точно и на време завршено.

Објасни ни го накратко процесот.

– На почеток со глина се ваја раната. Се прави калап во гипс, па потоа во калапот се става силикон.

Игор Петрески

Која беше твојата прва професионална филмска шминка?

– Јас ја имав таа среќа да работам специјални ефекти на филм во кој една од главните улоги беше Бруно Ганз. Ангажманот беше мал, но за мојата карирера многу значаен.

Работиш на сериозни проекти, можеш ли да наведеш дел од нив?

– Да, искуството си го прави своето, моментално работам серија на албански јазик. Неодамна бев ангажиран на филмовите „Малишан“ и „Deathcember“.

Се учи ли филмскаат шминка или сепак е потребен талент?

– Се учи доколку се сака, мене талентот ми помогна да направам успешна карирера.

Која е сатисфакцијата во она што го работиш?

– Оваа работа е единствена која добро ја работам, а воедно и добро заработувам.

Која холивудска ѕвезда би сакал да ја шминкаш?

– Се надевам дека ќе имам можност да работам со некои од нив. Ема Стоун за почеток е ок.

Размислуваш ли за кариера во земјите каде што има развиена филмска индустрија?

– Ако добијам таква покана секако дека би заминал. Сега во април ќе работам специјални ефекти на македонски игран филм, има најави за проекти во Белград и Приштина. Што се однесува до тоа каде е развиена филмската индустија, се разбира Америка, а во регионов предничат Србија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот