Идните првачиња во општина Кисела Вода ќе добијат ранчиња и училиштен прибор

Ученици основци со ранци / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Бесплатни ранчиња, но и училиштен прибор ќе добијат сите првачиња кои во септември ќе го започнат своето образование во училиштата во општина Кисела Вода.

Сакам да упатам апел до родителите кои годинава имаат провоодделенец, да не купуваат чанти и ранци, прибор и тетратки, бидејќи тие им се обезбедени бесплатно преку нашиот проект „Ранче за секое прваче“, кој започна од Кисела Вода, но стана популарен низ цела Македонија, на што искрено се радувам. Сметам дека ова е значајна поддршка која на сите нив ќе им овозможи безгрижно и со радост да го дочекаат први септември – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој соопшти и дека групите сочинети од спортисти од спортските клубови од Општината со младински категории и основците од социјален ризик кон средината на август заминуваат бесплатно во Охрид.

На брегот на езерото, цела седмица тие сите заедно ќе се рекреираат, ќе спортуваат и дружат во рамки на летниот спортско-едукативен камп. На овој начин покрај промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовираме и еднаквите можности за сите деца без разлика на нивната финансиска состојба – реќе градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот