ИДФ: Во јужен Либан загинаа 7 наши војници

Седум израелски војници загинаа денеска во борби во јужен Либан, еден ден откако беше објавен почетокот на копнената операција во земјата, соопшти израелската армија.

Таа прецизира дека тие загинале во два одвоени инциденти.

Борбите меѓу израелските сили и борците на Хезболах во јужен Либан продолжуваат, потврдија двете страни во одделни изјави.

Соопштението за загинатите војници дојде во време на одлуката на Израел да испрати повеќе војници и артилерија во пограничната област меѓу двете земји. Тензиите во регионот ескалираа откако Израел вети дека ќе се одмазди за иранскиот ракетен напад минатата ноќ.

Ескалацијата на неколку фронтови ги зголеми стравувањата од целосна војна на Блискиот Исток во која може да биде вклучен Иран, кој ги поддржува Хамас и Хезболах, како и САД, кои воено го поддржуваат Израел.

Хезболах, која се смета за најмоќната вооружена група во регионот, соопшти дека нејзините борци учествувале во директни судири со израелските единици на две локации во Либан во близина на границата со Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот