ИДФ: Иран ги погоди израелските воздушни бази, но ракетите завршија во канцелариите

фото: Ројтерс

Израелската војска денеска соопшти дека Иран успеал да ги погоди израелските воздушни бази за време на вчерашниот напад со ракети, но дека нападот бил неефикасен, објавија израелските медиуми.

Ракетите оштетија канцеларии и „области за одржување“ во базите кои не влијаат на функционирањето на израелските воздухопловни сили (ИАФ).

„Ниту еден авион на ИАФ не е оштетен во нападот“, објави Тајмс оф Израел, додавајќи дека воздухопловните сили продолжиле да напаѓаат цели во Либан и Газа по иранскиот напад.

Едно лице загина на окупираниот Западен Брег од делови од пресретната ракета, а две лица се полесно ранети од шрапнели во Тел Авив. Ова се единствените познати жртви од нападот на Иран.

Утринава иранскиот бригаден генерал Азиз Насирзадех рече дека 90 отсто од иранските ракети биле способни да навлезат во израелската одбрана и дека на мета биле само воени објекти.

Израел и неговите сојузници веднаш го оценија иранскиот напад како неуспешен.

ВИДЕО: „Летаа многу ракети, како што не сме виделе досега“: Македонец во Израел за иранскиот напад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот