Иако победија годинава: Половина од Швајцарците не сакаат нивната држава да биде земја-домаќин на Евровизија

Немо / Фото: Jessica Gow/TT / AFP / Profimedia

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на Изборот на песна за Евровизија во нивната држава, покажуваат резултатите од анкетата објавена во саботата од весникот „Блик“.

Репрезентативната анкета на речиси 25.000 луѓе покажа дека 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Пет проценти сè уште немаат став.

Но, сакале или не, Швајцарија ќе биде домаќин на овој музички фестивал во 2025 година благодарение на поп-пејачот Немо, кој ја освои главната награда на годинашниот натпревар во Малме, Шведска, со неговата весела песна „The Code“.

Со победата на Немо за Швајцарија, лингвистички разновидна и славна неутрална алпска земја следниот пат ќе биде домаќин на натпреварот, во кој ќе настапат изведувачи од целиот континент, па дури и пошироко.

Локацијата сè уште не е одредена. Цирих и Женева се пријавија, додека швајцарскиот главен град Берн и блискиот град Бил поднесоа заедничка кандидатура за домаќинство.

Истражувањето на „Блик“ покажа дека поддршката е посилна кај луѓето со повисоко ниво на образование и левичарски политички ставови отколку кај другите групи на население.

74 отсто од приврзаниците на десничарската партија СВП се против одржувањето на Евровизија во Швајцарија.

Според „Блик“, тоа би можело да има врска и со фактот дека Немо се идентификува како небинарна личност и ги претпочита заменките тие/нив во англискиот јазик.

Победата на Немо на една од најголемите европски сцени предизвика дебата за тоа дали трет пол треба да биде регистриран во Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот