И покрај елиминацијата на ЕП, Спалети ќе остане селектор на Италија

Лучијано Спалети, селекторот на Италија/фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Европскиот шампион остана без круна. Старото проклетство го направи своето, па фудбалската репрезентација на Италија го заврши своето патување во осминафиналето, откако Швајцарија беше подобра за пласман во четвртфиналната фаза.

Најголема одговорност има Лучијано Спалети, кој и покрај неуспехот на ЕП останува на кормилото на италијанската репрезентација.

Тамошната федерација соопшти дека Спалети нема да го напушти кормилото, туку ќе го продолжи својот пат како селектор.

Мојата мисија е уште повеќе да го подмладам овој тим – изјави искусниот Италијанец.

Спалети е на позицијата селектор од 2023 година, откако го наследи Роберто Манчини, кој со Италија стана европски првак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот