И Орце Ѓорѓиевски ја мерка функцијата скопски градоначалник

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во гостувањето на ТВ21, запрашан за можноста да биде следниот градоначалник на Скопје бидејќи неговото име кружи во јавноста, рече дека не ја исклучува можноста за тоа и би го прифатил тој предизвик.

– Ако одлучи мојата политичка партија и телата на партијата, но и граѓаните, од она што е евидентно мислам дека имаме одлична реализација на проектите досега а имам и сериозна поддршка од моите сограѓани. Би го прифатил тој предизвик, секако и мислам дека би бил човек кој што би ги решил проблемите што ги има нашиот град. – рече Ѓорѓиевски.

Во врска со заемот од Унгарија, од кој дел ќе биде наменет за општините, Ѓорѓиевски рече дека сите општини со свои проекти аплицирале за средствата.

„Дел од општините испратија по електронски пат, дел по пошта целата документација, и верувам дека ќе заврши и процесот на еваулација на проектите, и ќе можеме да почнеме со тендерски постапки. Од општината Кисела Вода аплициравме со пет проекти, пет повеќедецениски проблеми кои ги мачеа нашите сограѓани“, рече Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот