И денеска гужва на Табановце – се чека 20 минути за влез во земјава

Граничен премин Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Утринава на граничниот премин Табановце зголемен е бројот на возила кои чекаат околу 20 минути за влез во земјава, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од понеделникот до 31 август во земјава е воведен летен режим за сообраќај со забрана за движење на тешки товарни возила со маса над 15 тона за денови од викендот и деновите при високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид е забрането движење на тешки товарни возила чија маса е над 7,5 тона за време на викендите во следните интервали – петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот