И Берлин засега само „внимателно следи“ што се случува во Полска

Аналена Бербок
Аналена Бербок / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, вечерва изрази жалење поради експлозијата во која загинаа двајца луѓе во село во Полска, во непосредна близина на границата со Украина, јави ДПА.

„Моите мисли се со Полска, нашиот близок сојузник и сосед”, напиша таа на Твитер доцна вечерва. „Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите полски пријатели и сојузниците во НАТО”, рече таа.

Агенцијата пренесува дека НАТО и американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопштија оти работат на утврдување на тоашто се случило во селото Пжеводов, на неколку десетици километри од Украина.

Владата во Варшава вечерва одржува кризен состанок и допрва треба да соопшти што точно се случило во селото.

Агенцијата АП објави дека, според неименуван висок претставник на американското разузнавање, врз селото во Полска паднале две руски ракети. Овие наводи досега не се потврдени, а Москва остро демантира дека се работи за нејзино оружје.

„Многу опасна ескалација од страна на Кремљ“: Сојузниците реагираат по ракетирањето на полско село

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот