Хутите ги нападнаа израелските воени позиции во Тел Авив и Еилат

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека денеска со беспилотни летала ги гаѓале израелските воени позиции во Тел Авив и Еилат.

Ова го изјави во телевизиско обраќање портпаролот на Хуту Јахја Сари, пишува Тајмс оф Израел.

Израелскиот портал наведува дека ова преземање одговорност е поврзано со беспилотно летало што рано утринава го пресретнале израелските воздухопловни сили над Средоземното Море, десетици километри западно од централниот брег на Израел.

Исто така, постои сомневање дека јеменските бунтовници Хути денеска нападнале брод во Црвеното Море, што, доколку оваа информација се покаже како точна, ќе го означи нивниот прв напад на трговски брод од 2 септември, објави утринава Еј-би-си њуз.

Нападот се случи кога израелските копнени сили влегоа во Либан по неколкудневни воздушни напади во кои беа убиени лидерот на Хезболах Хасан Насрала и други високи лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот