Хрватските рибари тријат раце, годинава имаат добар улов на туна

Сезоната на лов на туна привршува, а рибарите сведочат дека оваа година на Јадранот има повеќе од овие риби отколку во претходните години, па дури и децении. Среќни се и експертите бидејќи тоа е знак дека загрозената сина туна се опоравува. Рибарите велат дека веќе немаат проблеми со уловот на туна, пишува Н1 Хрватска.

„При крај сме со исполнување на квотата, има туна во морето. Инаку, последниве шест години, откако успеавме да ја продолжиме сезоната за дваесетина дена, немавме проблем да ја исполниме квотата“, изјави Кристијан Занти, раководител на риболов на сардина. Поради заканата за сина туна пред десет години, Меѓународната организација која се занимава со нивната заштита воведе строги мерки за контрола и управување со риболовот на туна. Тие се спроведуваат и денес. „Секој улов што се пренесува се снима со стереоскопски камери. Туната мора да се брои. Кога ќе пристигне на фармата, повторно се брои, така што за секој улов ги знаеме количините“, изјави Анте Мишура, директор на Дирекцијата за рибарство во Министерството за земјоделство.

Една од овие мерки се квотите, кои се одредуваат за секоја земја посебно, а потоа земјата ја распределува таа тонажа на риболовците на туна во Хрватска.

„Сега сме на над илјада тони, не многу одамна бевме на квота од 300 тони – и земјата и целиот Медитеран, така што со подобрување на ситуацијата ќе се зголеми квотата. Квотата сега е до 2025 година, а потоа повторно ќе се процени ситуацијата и повторно ќе се одлучи што понатаму“, тврди Мисура. Загрозената туна полека закрепнува, велат од Институтот за океанографија – дел поради мерките, дел поради природата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот