Хрватските пензионери незадоволни од усогласувањето: „За десет години пензијата пораснала за 111 евра“

Пензионери/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Многу хрватски пензионери не се задоволни од претстојното усогласување на пензиите, иако тоа ќе им донесе околу седум отсто повеќе средства. Многумина сметаат дека оваа разлика одамна ја „изеде“ инфлацијата, како и дека пензиите треба да растат побрзо, за да се следи растот на платите. Пензионерката Милица се прашува за какво покачување на пензиите се работи, кога за десет години пораснале само за 111 евра, а трошоците за живот пораснале неспоредливо повеќе, пишува порталот Мировина.хр, објави Н1. Укинување на казните, ново пресметување на пензија и стаж за сите мајки, па пресметката на усогласувања на тоа, би имало смисла, додаде таа.

„Колку и да се покриваат пензионерите со премало ќебе, не можат да преживеат со пензија од 300 евра. Нема потрошувачка кошничка и комуналии кои би можеле да бидат покриени со ваква беда, која не е ни за најнеопходната исхрана“, предупредува Ружица.

„Усогласувањето на пензиите во принцип е голема измама на пензионерите. Ако усогласувањето на пензиите ги следи сите економски показатели во државата, тогаш како пензиите паднаа на околу триесет проценти од платите?

Поедноставно, да ги споредиме цените на најосновните прехранбени производи во последните десет години и јасно ќе видиме дека најосновните трошоци за живот одамна го надминаа познатото прилагодување. Дополнително, имаме преголем товар на пензискиот фонд поради постојаното зголемување на бројот на пензии кои не се по основ на години стаж и исплати во Фондот“, вели Марјан.

Според пензионерите, доволно е да се погледнат цените на пазарот, каде што еден килограм пиперки, домати и краставици денес чини по три евра, што е трипати повеќе од пред неколку години, пишува порталот Мировина.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот