Хрватска ќе мора да го одложи воведувањето на задолжителен воен рок

Фото: МИА

Воведувањето на задолжително служење војска во Хрватска, кое министерот за одбрана Иван Анушиќ го најави за 1 јануари, ќе мора да биде одложено поради политички причини поврзани со измените во овластувањата на претседателот на државата, пишува „Вечерњи лист“.

„Во овој момент чекаме политичка одлука, договор за неа и консензус и подготвени сме да ја спроведеме од моментот кога политичката одлука треба да почне од 1 јануари, од 1 јуни или од 31 октомври. Не ни е важно, кажете ми кога и ние почнуваме“, рече Анушиќ неодамна во Парламентот.

А „политичката одлука и договор“ се одложи за по претседателските избори, што значи дека воениот рок ќе мора да се воведе подоцна. Иако премиерот Андреј Пленковиќ најави поинаку, за таа тема не може да се прескокне претседателот Зоран Милановиќ, со оглед на актуелниот Закон за одбрана, а бидејќи изборната кампања е веќе започната, очигледно е дека нема да бараат договор на таа тема, пишува хрватскиот медиум.

Исто така, годинава нема да се спроведат најавените измени на Законот за одбрана со кои ќе се намалат претседателските овластувања, а со тоа и евентуално досегашната обврска за согласност на претседателот на одлуките како воведување воен рок. Дополнително, претседателскиот кандидат на ХДЗ, Драган Приморац, јасно се противи на промените во претседателските овластувања. Оттука, според „Вечерњи лист“, јасно е, иако тоа се уште никој не сака јавно да го каже, дека задолжителниот воен рок во Хрватска ќе мора да почека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот