Хрватска го удвои производството на домати, главен „виновник“ е „Подравка“

Flickr / CGIAR Climate

Околу 30 илјади тони домати годинава се донесени од полињата во Славонија, Истра, Подравина, Меѓумурје и Херцеговина во новата фабрика за овошје и зеленчук „Калник“, која летово беше отворена во Вараждин.

Преработувачкиот погон е изграден за само една година и може да прими повеќе од 40 илјади тони домати годишно, кои понатаму „Подравка“ планира да ги преработи. Фабриката има 1.000 тони дневен капацитет и потребно им е поголемо производство на домати. За да го исполнат својот капацитет, тие планираат да ги зголемат површините на 520 хектари во 2025 година, како и да го зголемат бројот на кооперанти и склучени договори за производство на домати. Годинава биле склучени договори за производство со околу 250 производители и здруженија.

„Сите домати што доаѓаат во нашиот нов капацитет се произведуваат во Хрватска. Организиравме производство низ целата земја и на тој начин создадовме диверзификација што дополнително ќе го стабилизира нашето производство во иднина“, изјавил Иван Остојиќ, член на Управниот одбор на Групацијата Подравка и додал дека во моментот се фокусираат на силна поддршка за земјоделците кои ќе ги произведуваат доматите.

Подравка годинава на 61 хектар сопствено земјоделско земјиште произведе 6.450 тони домати, а преку здружувањето, на површина од 340 хектари уште 23.000 тони.

Иван Остојиќ, член на Управниот одбор на групацијата „Подравка“, вели дека годинава направиле значаен исчекор, особено во подигнување на квалитетот на соработката со земјоделците.

Со изградбата на новиот погон „Подравка“ го подигнала производниот капацитет на вкупно четириесет илјади тони по сезона. Значително е зголемен и бројот на подизведувачи, а голем дел од нив годинава за првпат започнале да произведуваат домати.

Годинава за потребите на „Подравка“ се обработуваа над 700 хектари земјоделско земјиште низ цела Хрватска. Беа вклучени околу 250 индивидуални фарми со различни површини за производство.

„Развојот на земјоделското производство и суровини, зголемувањето на домашните земјоделски суровини ни е многу важен на сите во Подравка. И не само да го подобриме квалитетот на сопствените производи што ги продаваме низ целиот свет, туку и да придонесеме на пошироката општествена заедница и развој на земјоделството преку соработка со малите производители“, изјави Мартина Далиќ, претседател на Управниот одбор на Подравка Груп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот