Хрватите бесни поради донесувањето на Резолуција за геноцид во Јасеновец

Photo: EPA/ANTONIO BAT

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска соопшти дека одлуката на Црна Гора да ја усвои Резолуцијата за геноцид во логорскиот систем Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен не може да се смета за добронамерна и добрососедска во однос на Република Хрватска и дека не е во согласност со декларираната цел за членство на Црна Гора во Европската Унија.

-Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење што Црна Гора одлучи да ги игнорира повиците на Република Хрватска да не ги политизира жртвите на Јасеновац и да не презема чекори кои можат негативно да влијаат на нашите билатерални односи и на европскиот пат на Црна Гора. Република Хрватска смета дека е неприфатливо, несоодветно и непотребно да се донесе резолуција чија намера не е да се изгради култура на сеќавање и помирување, туку да се инструментализира споменот на жртвите од Јасеновац за краткорочните политички цели на иницијаторите на оваа резолуција – се вели во соопштението.

Хрватите тврдат дека Резолуцијата за геноцид во логорскиот систем Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен е одговор на резолуцијата за Сребреница.

Потсетуваме дека за усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник, а еден беше против. Воздржани немаше.

Претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, веднаш по усвојувањето на Резолуцијата соопшти дека никој не се мешал во усвојувањето на Резолуцијата.

– Ова е резултат на нашиот договор и нашата идеја. Никој не се мешаше во ова однадвор. Сакам да им посакам добредојде на моите сонародници од Белград и Бања Лука во Црна Гора на Петровден, да се поздравиме братски и да кажеме дека ние сме сериозен народ, и дека овој регион има иднина – рече Мандиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот