Холанѓанец во Охрид нападнал полицаец и агресивно се однесувал кон вработените во Брза помош

ФОТО: МИА

Триесет и едногодишен холанѓанец е приведен во Охрид откако агресивно се однесувал кон вработените во Брза помош а потоа физички нападнал и полицаец.

„Вчера во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија. Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија“, информираат од МВР.

Против него е поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот