Холанѓанец уапсен во струшки хотел, илегално влегол во Македонија

Струга/Фото: МИА

35-годишен холандски државјанин е уапсен во хотел во Струга, откако претходно илегално влегол во земјава, соопшти МВР.

„На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот