„Хирургот за тротоари“ од Франција дошол во Белград, „крпи“ градски дупки со шарени мозаици

На социјалните мрежи во Србија се шири вест дека „некој уметник од Лион крпи дупки во Белград со мозаици“, заедно со фотографии од шарени мозаици на сивите тротоари, каде до неодамна имало дупки.

Овие мали уметнички дела досега се забележани на улиците „Цетинска“, „Француска и „Добрачина“ во центарот на српскиот главен град.

Нивниот автор не сака да го открие својот идентитет и работи само ноќе. Познато е само дека неговиот псевдоним е „МММ“ (Емемем).

Според Википедија, мистериозниот уметник тврди дека живее во Лион и е познат како „хирург на тротоарите“. Псевдонимот е ономатопеја на звукот на мопедот што го вози кога оди да „поправи“ тротоар. Не сака да го открие полот или возраста. Тој споделува фотографии од неговите дела на Инстаграм со профилот @ememem.flacking, кој собра повеќе од 169.000 следачи од 28 мај минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот