Хезболах истрела ракети врз седиштето на израелското воено разузнавање

Напад врз Сафед на израелска територија од страна на Хезболах/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Хезболах потврди дека лансирал ракети врз штабот на израелското воено разузнавање во Тел Авив. Во меѓувреме, израелската армија објави дека копнената офанзива во јужен Либан е насочена против базите на оваа група долж границата кои му се закануваат на Израел, пренесува Ал Џезира.

Либанската група соопшти дека лансирала  неколку ракети „Фади-4“ во базата Глилот во Тел Авив, седиштето на израелската воена разузнавачка служба – Единица 8200.

Во соопштението  се наведува дека групата извршила напад и врз седиштето на Мосад лоцирано во предградието на Тел Авив.

Израелската војска претходно објави дека нападот се случил, додавајќи дека пресретнала дел од истреланите ракети.

Портпаролот на израелската војска рече дека израелските „локализирани копнени напади“ ќе бидат насочени кон упоришта на Хезболах кои „се закануваат на израелските градови, кибуци и заедници долж границата“.

„Хезболах ги претвори либанските села до израелските села во воени бази подготвени да го нападнат Израел“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот