ХЕРА: Репродуктивното здравје на луѓето во директен ризик поради ограничениот пристап до контрацептивна грижа

Фото: ХЕРА

Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА денес го обележува 26. септември – меѓународниот Ден на контрацепцијата. Целта на денот е да се подобри свеста за контрацепцијата и да им се овозможи на младите луѓе да направат информирани избори за сопственото сексуално и репродуктивно здравје. Под слоганот „Животот е твој и одговорноста за него е твоја“ и оваа година настанот на глобално ниво ја промовира мисијата дека секоја бременост треба да е планирана.

Од ХЕРА посочуваат дека дека во нашата земја модерната контрацепција не е достапна за младите, жените и паровите, со што сериозно им се загрозува репродуктивното здравје и животот на граѓаните.

Тие посетуваат дека:

– Стапката на употребата на модерна контрацепција изнесува само 12,8% и државата е дел од земјите со најниска стапка на употреба на контрацепција во Југоисточна Европа и европскиот регион;

– Сѐ уште ниту едно контрацептивно средство не е ставено на позитивната листа на лекови, односно не е покриено со осигурувањето;

– Иако Министерството за здравство се заложи за обезбедување бесплатна контрацепција за сиромашните и ранливите групи жени, оваа мерка не се спроведува во пракса, поради отсуство на механизам за набавка и дистрибуција на контрацептивите;

Во училиштата нема сеопфатно сексуално образование и со тоа државата го ограничува правото на младите да добијат точни и научни информации како да го заштитат сопственото здравје. Иако 36.5% од младите жени на возраст меѓу 20-24 години имале потреба од контрацепција, а истата не биле во можност да ја добијат.

На глобално ниво, пристапот до модерната контрацепција ја намалува матерналната смртност за 25%, и смртноста на новороденчиња за 20%, а пристапот до контрацепција е обврска на државата за обезбедување основна здравствена заштита и благосотојба на своите граѓани.

– Ја повикуваме Владата да ја направи контрацепцијата достапна за сите девојки и жени во земјата. Ставањето на модерната контрацепција на позитивната листа на лекови е дел од Владината програма во областа на здравството до 2020 година и бараме нејзино спроведување без никакво одложување – велат од ХЕРА.

Во нивното соопштение стои дека во најновите препораки на Обединетите Нации (Универзален периодичен преглед, јули 2019) се укажува државата да „обезбеди универзална покриеност од државниот фонд за осигурување на сите трошоци поврзани со сексуално и репродуктивно здравје и со методите на модерна контрацепција“.

По овој повод, тие денес организираат јавен настан во Градскиот парк, каде младите здружено ќе го кренат својот глас за пристапна и достапна контрацепција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот