Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион

Албанскиот министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, учествуваше на самитот на Берлинскиот процес, иницијатива која одбележува 10 години од своето постоење.
Хасани, на социјалните мрежи сподели моменти од учеството на самитот, оценувајќи дека Берлинскиот процес е „главен двигател на регионалната соработка, економскиот раст и интеграцијата во Европската унија за Западен Балкан“.

-Албанија останува посветена на унапредување на договорите за мобилност и зајакнување на посилен и постабилен регион. Овој момент треба да се искористи за приближување на Западен Балкан до ЕУ, наведува албанскиот прв дипломат.
Берлинскиот процес е иницијатива од 2014 година за поддршка на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора. Северна Македонија и Србија.

Четирите цели на Берлинскиот процес, декларирани од самиот почеток, остануваат непроменети: решавање на внатрешни, отворени билатерални проблеми меѓу земјите на Западен Балкан, помирување меѓу општествата во регионот, подобрување на регионалната економска соработка и, конечно, создавање на основа за одржлив раст на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот