Харис: Недопустливо е да се повикува Украина да отстапи дел од својата територија на Русија

Камала Харис/ Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател од редовите на Демократската партија, Камала Харис, на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повиците Украина да и отстапи дел од својата територија на Русија се „опасни и неприфатливи“.

Нејзиниот коментар е критика на сугестиите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џеј Ди Венс, дека Украина треба брзо да склучи договор за ставање крај на војната.

Средбата меѓу Зеленски и Харис следеше веднаш по средбата на украинскиот лидер со претседателот Џо Бајден, кој најави дополнителни осум милијарди долари помош за Украина во форма на проектили, беспилотни летала, муниција и други испораки на оружје, вклучително и една батерија на ракетниот систем за противвоздушна одбрана Патриот.

Бајден вети дека ќе се погрижи сите одобрени финансирања за Украина да бидат спроведени пред тој да ја напушти функцијата, додавајќи дека планира да свика состанок со другите светски лидери за време на неговата посета на Германија следниот месец, за да се фокусира на одбраната на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот