Хамдан вели нема нов предлог за прекин на огнот од САД, за него слушнавме само од медиумите

Политичкиот претставник на Хамас, Осама Хамдан, соопшти дека милитантната група сè уште не добила нов предлог од САД за прекин на огнот во Газа и размена на заложници и слушнал за тоа само „во медиумите“.

Последниот предлог беше изнесен на 24 јуни, рече тој.

Палестинската група инсистираше на тоа дека секој договор мора да резултира со траен прекин на огнот и повлекување на сите израелски сили од Газа.

Над 38 илјади Палестинци се убиени во војната која започна со нападот на Хамас врз јужен Израел на 7ми октомври.

Овие податоци се според статистиката на Министерството за здравство на Газа кое не прави разлика меѓу цивили и борци на Хамас.

Во нападот на Хамас во Израел загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а уште 250 лица беа земени како заложници.

Ослободената заложничка Аргамани повика да им се помогне и на преостанатите заробеници на Хамас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот