Хамас ја презеде одговорноста за крвопролевањето во Тел Авив

Израелското обезбедување на местото на нападот со пукање во Јафа, 1 октомври 2024 година

Милитантната група Хамас ја презеде одговорноста за пукањето во Тел Авив во кое загинаа најмалку седум лица, а 17 други беа повредени.

Тие информираа дека двајцата сторители од градот Хеброн на Западниот Брег под израелска окупација биле членови на групата. Истовремено, тие се заканија со нови напади.

Двајцата мажи, кои беа застрелани од израелските безбедносни сили, ги убиле своите жртви во воз и на станица во Јафа, област во Тел Авив со големо арапско население. Едниот имал автоматска пушка, а другиот нож. Медиумите наведуваат дека жртвите се патници во воз и случајни минувачи.

Израел води војна против Хамас во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, кога исламистите и нивните сојузници го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот