Гвардиола: Заврши сезоната за Родри, за жал ги добивме најлошите вести

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека фудбалерот на неговиот тим Родри (28) ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.

– Денеска беше опериран, мислам дека го повреди и менискусот. Ќе се врати следната сезона. Оваа сезона заврши. За жал, ги добивме најлошите вести. Понекогаш, за жал, тоа се случува. Тука сме да го поддржиме и да му помогнеме добро да се опорави, чекор по чекор – изјави Гвардиола на прес-конференцијата, пренесе „Скај“.

Шпанскиот фудбалер се повреди минатата недела на дербито против Арсенал (2:2), кога се судри со противничкиот играч Томас Парти.

Родри е еден од најважните играчи на Сити. Минатата сезона тимот ја освои рекордната четврта последователна титула во Премиер лигата, а ги претрпе сите три порази во првенството без Родри во составот.

Родри пред повредата го критикуваше продолжениот натпреварувачки календар и изјави дека играчите се блиску до одлука за штрајк поради преоптоварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот