Гутереш: Мора да запре циклусот на насилство на Блискиот Исток

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја изрази својата загриженост поради „драматичната ескалација“ на Блискиот Исток помеѓу Израел, Либан и Хазболах и порача дека циклусот на насилство во регионот мора веднаш да се прекине.

„Генералниот секретар е сериозно загрижен поради драматичната ескалација на ситуацијата во Бејрут во изминатите 24 часа. Овој циклус на насилство мора да заврши сега и сите страни да се повлечат од работ“, наведе портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик, објавено е на веб-страницата на ОН.

Според генералниот секретар, „народот на Либан, Израел и на целиот Блиски Исток како целина не можат да си дозволат војна во полн размер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот